Привремениот павилјон „Fav Pavillion“ поставен во Чиле треба да служи за тековниот уметнички фестивал. Лесната конструкција е покриена со полиестер ткаенина, што дава одредена транспарентност на објектот.
Програмата е поделена во два дела: јавен дел дизајниран како градина која служи за собирање на луѓето и нивна социјлна интеракција, и приватен дел кој е сместен на горните катови и служи за престој на тимот што работи на пректот.
Во текот на денот павилјонот служи за одржување настани, додека во текот на ноќта претставува еден вид голема „урбана ламба“. Павилјонот е поставен на плоштадот во Чиле како еден вид порозна монументална структура, која преку комбинацијата на лесната скеле-структура и транспарентната обвивка овозможува таа да биде лесно трансформирана според потребите на луѓето.