Насловна / Вести / Азискиот смог ја загадува и Калифорнија

Азискиот смог ја загадува и Калифорнија

File photo of Century City and downtown Los Angeles seen through the smog

„Околу 10% од загадувањето со озон, главната состојка на смогот, во земјоделскиот калифорниски регион San Joaquin Valley  доаѓа од други подрачја, главно од Азија“, изјави  Ian Faloona, научник од калифорнискиот Универзитет Davis.

Овие откритија на Faloona доаѓаат во време на изразена загаденост на воздухот во најнаселената американска сојузна држава, додека сушата и високите температури дополнително ја отежнуваат ситуацијата.

smog kalifornija
„Смогот од ʼвтора рака‘, односно од Азија и другите подрачја надвор од САД, наоѓа пат до едно од најзагадените американски подрачја, долината San Joaquin“, се наведува во соопштението од Универзитетот Davis.

Кај жителите на оваа долина има двојно повисока појава на астма отколку кое било друго подрачје во САД. Falоona ги повика американските власти да го постават проблемот со загадувањето во Калифорнија на меѓународно ниво. „Почнуваме во целост да сфаќаме дека загадувањето се случува во пошироки размери отколку што мислевме досега“, подвлече Faloona.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top