Компанијата „Pavagen“ минатиот месец инсталирала шест кинетички енергетски плочи во средината на коридорот од SNCF иновацискиот и истражувачки центар во Париз. Овие плочи се инсталирани со цел напојување на LED осветлувањето на ходниците од овој центар, а произведуваат енергија кога луѓето одат по нив.
Во план е инсталирање на 68 вакви кинетички енергетски плочи во шопинг центар во Јоханесбург во склоп на кампањата на „Samsung“ насловена „What if I can“. Енергијата произведена во шопинг центарот во Јоханесбург ќе биде употребена за снабдување на заедниците во Јужна Африка, пред сè за секојдневните основни потреби.
Кампањата „What if I can“ се фокусира на поместување на начинот на размислување и подигање на свеста, обновливите извори на енергија и сл., а главната цел е да се нагласи фактот, дека само еден човек може да го смени животот на многу други.