Гратчето со име Соненшиф, лоцирано во близина на Фрајбург, е првото населено место коешто ќе нема потреба од електрична енергија произведена од конвенционалните енергетски извори. Ова гратче, наречено „соларен град“, ќе црпи соларна енергија од сончевите зраци преку „умните панели“ коишто постојано се насочени во правец на сонцето.
Соненшиф е проектиран од Ролф Дишч, кој на покривите на станбените згради поставил фото келии кои максимално ја искористуваат сончевата енергија преку мобилен систем којшто е ефикасен дури и кога сонцето заоѓа. Куќите на кои се поставени соларните панели се градени по системот за изградба на пасивни куќи или т.н „Пасивхаус“, односно тие имаат минимални потреби од енергија, и неа самостојно односно автономно ја обезбедуваат.
За разлика од слични проекти во Перу и Бангладеш, каде што биле воведени „зелени технологии“ за производство на електрична енергија за тамошното сиромашно население, во Соненшиф нема други извори на електрична енергија освен сонцето.