Насловна / Вести / Темел за Гинисов рекорд

Темел за Гинисов рекорд

Lahta centar ST. PeterburgПреглед
Темелите на највисоката кула во Европа, што моментно се гради крај Санкт Петербург, влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Во темелната плоча на Центарот „Лахта“, како што ќе се вика овој облакодер, истурено е најголемо количество на бетон во историјата. Претставниците на Гинис го гледале излевањето кое траело 49 часа и во кое дури 20.000 кубни метри бетон станале темел на новата кула. Центарот „Лахта“, на брегот на Финскиот Залив, ќе биде висок 462 метри и ќе биде седиште на многу компании, меѓу другите и на „Гаспром“.

Испрати коментар

Scroll To Top