Поради различни природни катастрофи или пак потреба за креативност, низ историјата, луѓето создале грандиозни градби кои често служат за присетување на некои минати времиња. Ви претставуваме некои напуштени локации кои денес служат како места за собирање на љубопитните туристи и како неисцрпен извор на легенди.
Колманскоп некогаш претставувала една од најатрактивните локации за луѓето што биле желни за богатство, но денес претставува напуштен град во кој непрестајно се превира Намбиската пустина.
Во 1908 година на ова место се пронајдени големи количини на дијаманти и бројни луѓе се упатиле таму во потрага за подобар живот.
Дијаманти можеле да се најдат речиси на самата површина на пустинскиот песок, па така покрај овој рудник бил изграден елегантниот град Колманоскоп, во стил на тогашните германски градови.
Биле изградени болница, училиште, казино, театар, па дури и сала за бал и првиот трамвај во Африка.
Во средината на ХХ век залихата на дијаманти прилично се исцрпила, па така после 40 години активен живот во овој град, во 1954 година тој е напуштен.