Новата модуларна софа на брендот Roche Bobois сега е „облечена“ во атрактивните ткаенини на славниот моден креатор Жан Пол Готије. Оваа колекција има широк дизајнерски спектар во понуда и комбинации на бои со кои може да се игра.
Дизајнирана од страна на дизајнерот Ханс Хофер, со својот изглед го охрабрува експериментирањето со парчињата мебел кои можат да се организираат на начин на кој посакува клиентот.
Уште од седумдесеттите години на минатиот век, модните креатори честопати биле задолжени за „облекување“ на софи, а модниот дизајнер Жан Пол Готије ја испочитувал оваа традиција. Со своите живописни бои и смели принтови, оваа линија на мебел го разведрува кој и да било дневен престој.