Компанијата „Facebook“ уште од 2013 година работи на проектот „Internet.org“ чија цел е да овозможи интернет пристап ширум светот.
Едно од решенијата што оваа компанија го разви во таа насока е соларен дрон, беспилотно летало со величина на Боинг 747, кој би го „носел“ интернетот. Дронот е дизајниран така што може да крстосува помеѓу 18 и 28 илјади метри над земјата, а користи ласери со кои ќе „донесе“ интернет во сите земји од светот.
Првите мали соларни дронови кои ги има дизајнирано оваа компанија можеа да останат на небото околу три месеци на едно место, но се очекува во иднина овој модел значително да се подобри.
Од компанијата „Facebook“ истакнуваат дека овој проект сè уште е во фаза на тестирање, а во зависност од успешноста во оваа фаза ќе бидат дефинирани следните чекори.