Берлинското студио за дизајн, BerlinRodeo, го претстави својот нов луксузен проект. Во прашање е трансформација на фабрика за ткаенини во ново, луксузно и елегантно опкружување. Еден од факторите што го прават овој проект посебен е мотивот на дизајнерите – целиот овој концепт, тие го создале за себе.
Оригиналните тапети со проѕирните ефекти се главната точка на фокус во елегантната дневна соба. Целиот дизајн има нота на гостопримство, составено од изобилство на интересни детали.
Палетата на бои е во мирна нијанса на бела, крем и кафена боја, кои заедно ја сочинуваат хармоничната атмосфера на целиот простор.
Начинот на кој дизајнерите ги спремиле елементите на поранешната фабрика, како што се ѕидовите од тули, се детали кои се многу привлечни во овој простор. Кристалните лустери, избраните уметнички дела и цветните аранжмани придонесуваат за еден весел и елегантен карактер на современ дом.