Со завршувањето на зимата следува периодот кога започнува нова фенг шуи филозофија, т.н. „пролетна рамноденица“. Тоа значи дека ја напуштаме ладната, темна и пасивна „јин“ енергија и се префрламе на балансираната, светла, топла и активна „јанг“ енергија. Овој период симболизира циклус на растење и екстензија, односно принципите на фенг шуи нè охрабруваат да погледнеме и во најтемните ќошиња на својот дом, да ги отвориме широко прозорците и да почнеме да шириме позитивна енергија во домот.
1. Погледнете под својот кревет
Креветот е симбол на нашата енергија, а многу често забораваме да го исчистиме. Собирањето прашина под креветот ќе ве заштити од ширење на бактерии и ќе ја подобри вашата енергија.
2. Средете го вашиот плакар
Според филозофијата на фенг шуи, доколку вашиот плакар е полн со ствари, тоа се рефлетира на вас со немање доволно простор во вашиот живот да прифатите нови работи. Поради тоа исфрлете ги сите непотребни работи, заменете ја зимската гардероба со пролетна, а дел од работите складирајте ги внимателно во кутии.
3. Исчистете го фрижидерот
Фрижидерот ги претставува границите во вашиот живот и како вие се грижите за себе си. Исфрлете ги сите продукти со поминат рок, бидејќи чувањето на таков вид храна е доказ дека ја напуштате грижата за сопственото здравје. Истовремено направте баланс помеѓу јин и јанг енергијата, односно фрижидерот не треба да биде ни преполн, ни празен.
4. Отворете ги и исчистете ги прозорците
Во фенг шуи, прозорците ги претставуваат очите и устата на оние што живеат во домот. Поради тоа нечистите прозорци ја спречуваат можноста да гледате и комуницирате со светот. Со чистење на прозорците вие го освежувате домот и истовремено ќе гледате појасно кон околината.
5. Проверете го влезот во вашиот дом
Исчистете го просторот кај влезот во вашиот дом: рамката од вратата, ќошевите, заменете го влезното чергиче со ново. Чистиот влез многу зборува за вас и влијае на вашето расположение. Тој ќе овозможи гостите да се чувствуваат пријатно и стабилно во вашиот дом.