Насловна / Вести / Џорџтаун вели збогум на фосилните горива?

Џорџтаун вели збогум на фосилните горива?

MINOLTA DIGITAL CAMERA

Американскиот град Џорџтаун, Тексас, вели збогум на фосилните горива. Локалната власт одлучи да се откаже од традиционалните извори на енергија, како јаглен и гас, и да се снабдува само со електрична енергија добиена од обновливи извори.

Властите најавија 25-годишен договор со SunEdison (една од најголемите компании во светот за обновлива енергија) за купување на 150 MW соларна енергија, како и 144 MW енергија од ветер до 2039 година Причините за оваа одлука се главно финансиски, а за целта ќе биде изграден соларен парк.

Градот брои околу 55.000 жители, а експертите пресметале дека 1 MW сончева енергија може да напојува најмногу 100 домаќинства во Тексас во најжешките летни денови. При поумерени температури оваа енергија ќе може да снабдува повеќе домаќинства.

 

 

Еден коментар

  1. гхгффјгф

    не е тоа што го барам

Испрати коментар

Scroll To Top