Компактната камена куќа е прототип на куќа и современа редефиниција на традиционалната камена куќа.
Оваа куќа се наоѓа во Врховље, Словенија, и е дело на архитектонскиот тим од фирмата Dekleva Gregoric Architects и е изградена во 2014 година.
Оваа мала, компактна камена куќа е проектирана според потребите на едно младо семејство, додека истовремено ги следи и најсовремените технолошки принципи, и традиционалното градење на куќи во овој регион, речиси без употреба на прозорци.
Концептот на прото-куќата е монолитен, моно-материјален волумен во кој се вметнати две дрвени куќи кои се поврзани во заедничка рамка, отворена галерија.
Овој проект поставува прашања во врска со карактеристиките на анонимната традиционална архитектура од која оваа куќа ја црпи инспирацијата и традиционалниот условен домен на синтеза.