North West Bicester ќе стане еден од четирите градови во Велика Британија кој е проектиран според највисоките стандарди на одржливост. Првата фаза од изградбата на овој град неодамна е завршена, а во текот на годината се очекува вселување во првите 393 домови. Втората фаза е веќе одобрена, а ќе опфати изградба на 2.600 домаќинства.
Овој еколошки град ќе има околу 6.000 енергетски ефикасни домови, ефикасен јавен превоз, велосипедски патеки и сл. Ќе се користат чисти технологии, обновливи извори на енергија, систем за собирање на дождовница и системи за следење на потрошувачката на енергија. Сите изградени домови ќе добијат BREEAM (Building Research Establishment Environmental Assessment Methodology) сертификат.
Околу 40% од овој град ќе биде прекриен со зелени површини, а околу 17.500 метри квадратни ќе бидат под соларни панели. Освен тоа, градот воопшто нема да емитува јаглерод диоксид и ќе биде посветен на чување на биодиверзитетот.