Познатиот индиски актер Џон Абрахам, ја прифатил идејата на неговиот брат, архитект, и одлучил два стари стана да ги спои во еден, рафиниран и луксузен дом на две нивоа.
Неговиот брат работи во студиото Abraham John Architects и тој многу внимателно се ангажирал околу проектот. Конечниот резултат е исклучителен – два апартмани се претворени во еден гламурозен дуплекс, кој се протега на седмиот и осмиот кат на зградата, која инаку важи за еден од најубавите објекти во Мумбаи.
За да се поврзат овие два стана во еден, биле урнати внатрешните ѕидови и направени прекрасни скали кои се вклопуваат на идеален начин со овој веќе елегантен ентериер. Тие не само што ги поврзуваат двата ката, но исто така, претставуваат софистициран дел од декорот на целиот простор.
Погледот од станот е вперен кон прекрасното Арапско Море, а огромните прозорци од подот до таванот феноменално го подобруваат амбиентот и чувството за простор. Од секоја просторија во домот се пружа софистициран поглед. Кујната се наоѓа во југоисточниот дел на станот, а опремена е со традиционалните елементи на индискиот дизајн. Изобилството на природна светлина во овој стан создава совршен амбиент за релаксација и уживање во приватните моменти.