Насловна / Арт и дизајн / Креативни инсталации за подобрување на урбаниот пејзаж

Креативни инсталации за подобрување на урбаниот пејзаж

Градот Лубок во Тексас е мало место во кое не постојат многу активности и атракции за населението што живее таму, а тоа било причина професорот од технолошкиот факултет во градот, Кристијан Понграта заедно со група студенти да го дизајнираат т.н. „Urban Stage“. Станува збор за уметнички дизајнирани инсталации, кои треба да го покажат потенцијалот на оваа заедница и одржливиот развој во општество каде се поврзуваат урбаниот дизајн и околината.

инсталација-1

Студентите користеле различни материјали и техники: ласерски обликувани метали, пластични калапи, метални цевки, со цел да ја постават инсталацијата за која имале вкупен буџет од 10 илјади долари и седум недели термин да ја завршат. Фундаменталната компонента во дизајнот е интерактивноста помеѓу студентите.

инсталација-2

Поставени се повеќе инталации, како на пример т.н. „Печурка“ која функционира на тој начин што има вградено сензори кои емитираат звук и светлина кога некој ќе помине покрај неа. Потоа, инсталацијата „Шума“ е составена од тенки стапчиња во човечка висина и таа ги користи ветерот и воздухот што струи со цел да создаде танц на боја и движење.

инсталација-3

Локалните расадници донирале кактуси и друг вид на растенија, со што сакале да демонстрираат како згуснувањето на вегетацијата може да го трансформира центарот на градот во урбан зелен простор и една попријатна средина.

инсталација-4

Испрати коментар

Scroll To Top