Како контраст на едноставната надворешност на зградата на компанијата „Фејсбук“ со локација во паркот Меноло, познатиот архитект Френк Гери како главен проектант и дизајнер на објектот, создава енергичен и експресивен ентериер. Надворешноста на огромниот кампус на „Фејсбук“ се карактеризира со многу поскромна линија од онаа што е карактеристична за Френк Гери, а внатрешноста е претсавена преку слободниот план и шаренилото по ѕидовите исполнети со разновидни бои и уметнички инсталации од локални уметници.