Посета на саемот за прозорци, врати и стакло со сите пропратни процеси за нивно производство и примена во градежништвото, во Истанбул, во организација на фирмата Адонис, беше инспирација и за една мала репортажа за мегаполисот распослан на два континента. Градот на контрастите, трговијата и туристичка дестинација од светскиот врв е вистинска атракција и доживување што се памети.