Замислете градина со 2300 прекрасни цвеќиња кои како да лебдат во воздухот и во снопови се спуштаат во потполно бела просторија. Токму таква инсталација, од страна на teamLab, беше поставена во Музејот на новите науки и иновации во Токио.
Посетителите на инсталацијата ја опишуваат како место на мир, спокојство и убавина, кое привлекува со својата етерична атмосфера. Инсталацијата константно се менува во зависност од позицијата на посетителот, а цвеќињата во зависност од нивното движење нагоре и надолу.