Кинеската компанија CCCC почна изградба на камп за сместување на работници кои ќе работат на изградбата на автопатот од Подгорица до Колашин. Ова е прва делница од идната модерна сообраќајница која ќе го поврзува Бар со границата на Србија. Кампот ќе се наоѓа на локацијата Морачица, на подрачјето на Биоча кај Подгорица, а самите градежни изведби на автопатот, како што е најавено, можат да почнат кон крајот на април. Должината на делницата од Подгорица до Матешево, во правец на Колашин, е 41 километар, а на неа ќе се изградат 17 тунели. Тоа е најтешка делница на автопатот што ќе биде долг околу 170 километри.