Насловна / Архитектура / Норман Фостер ќе гради нови транспортни центри во Саудиска Арабија

Норман Фостер ќе гради нови транспортни центри во Саудиска Арабија

Познатото архитектонско студио „Foster + Partners“ ги претстави плановите за новиот јавен транспорт кој ќе се гради во Џеда, Саудиска Арабија. Фирмата ќе ги дизајнира железничката станица, новата метро станица, автобуската станица, пристаништето за траекти и велосипедските патеки, а во сите нив е внесен аспект на одржлив развој.

норман-фостер-1

Главниот фокус е ставен на кварталот Ал Басад којшто е стар од 7 век, а со новата интервенција ќе заживее повторно како една од главните пешачки патеки. Овој дел од Саудиска Арабија е карактеристичен по огромната популација, а само 12 проценти од населението има можност да пешачи до транспортните јазли. Целта на Норман Фостер е да го зголеми овој процент до 50 проценти со стратегиско планирање, а истовремено ќе креира повеќеслоен град и уникатен карактер на самите транспортни станици.

норман-фостер-2

норман-фостер-3

норман-фостер-4

 

Испрати коментар

Scroll To Top