Со цел да се постигне одржливо решение за глобалното затоплување и климатските промени, потребно е да се елиминира или значително да се намали количеството на јаглерод, што се испушта во атмосферата од страна на човекот. Тоа може да се постигне само со т.н. „јаглерод-позитивни домови“, односно објекти кои користат обновливи извори на енергија и истовремено генерираат енергија за нивно користење.
Поради тоа, архитектонското студио ArchiBlox ја дизајнираше првата „јаглерод-позитивна куќа“ во светот. Еднокатниот прототип е инсталиран во Мелбурн, Австралија. Наместо да се потпира на механичко греење и ладење, оваа куќа има природна вентилација постигната со поставување на цевки во приземјето. Зелениот покрив и зелните вертикални градини го ладат просторот во летниот период, а дополнителна енергетска ефикасност се постигнува со рециклирање на дождовницата. Мебелот во ентериерот е изработен од дрво кое претставува одржлив извор и нетоксичен материјал.