Во неделата, 94% од гласачите, односно жителите на пет општини од Истарската жупанија, беа против изградбата на новата термоцентрала „Пломин Ц“, чија проектирана инсталирана моќност е 500 MW. Оваа централа ќе користи увозен јаглен кој ќе се транспортира со бродови до Истра, по истиот принцип како што функционира постоечката централа Пломин.
На овој начин, овој регион ќе добие уште еден сериозен загадувач, сметаат граѓаните, иако надлежните уверуваат дека централата ќе работи според најновите стандарди од областа на заштитата на животната средина, односно усвоените ЕУ директиви од оваа област.
Референдумот се случува по успешно спроведената слична иницијатива во Плоче на 25 јануари оваа година, каде исто така над 90% од граѓаните се изјаснија против предложената централа на јаглен во близина на тој град.