Швајцарската компанија Golden Dreams ја претстави својата луксузна колекција приспособена на уредите iPhone 6 и 6 Plus. Како што се очекува од оваа компанија, претставената колекција во оваа прилика е сè само не обична. Компанијата гордо тврди дека нивните модели на iPhone 6 се ре-дизајнирани и креирани со помош на луксузни материјали, како што се алигаторска кожа, јаглеродни влакна, злато и дијаманти.
iPhone 6 е направен од 18-каратно злато, со рачно изработен златен змеј, кој има очи направени од рубини! Овој змеј се наоѓа на алигаторска кожа од темноцрвена, црвена до црна боја, и е опкружен со рабови кои се направени од 24-каратно злато.
Всушност, оваа колекција се состои од пет модели: Dragon, Desert, Carbon Fiber, Skull и Hand Painted изданија. Skull верзијата е направена од 18-каратно злато како и змејот, и е полирана додека не го постигнала ефектот на огледало. Сместена е на заднина од црна или сина алигаторска кожа.
Исто така, постои можност за избор на кожа од широката палета на бои за Desert колекцијата, додека во Carbon Fiber колекцијата, може да се избере меѓу црна, сива и златна боја. Се разбира, корисникот секогаш може да се одлучи за една од рачно насликаните верзии, кои се дело на француски сликар.