Насловна / Вести / Одржливи практики за управување со отпадот во ЕУ – енергија од отпад

Одржливи практики за управување со отпадот во ЕУ – енергија од отпад

otpad (2)

Постројките за енергетска преработка на отпадот се важен дел од системот за управување со отпадот во Европската Унија. Во овие постројки се произведува топлинска и електрична енергија за приближно 14 милиони жители на Унијата. На подрачјето на ЕУ, во 2013 година е започната изградба на 14 нови постројки. Со користење на горивото од отпадот и мешаниот комунален отпад како енергент, се намалува увозот и зависноста на Унијата од фосилни горива.

Експертите укажуваат дека дури 80% од енергијата од отпадот може да биде вратена во енергетскиот сектор. Затоа, во развиениот свет повеќето постројки за преработка на отпадот се лоцирани во големите градови и се поврзани со електричната мрежа. Од друга страна пак, за сите емисии во воздухот од овие постројки постојат јасно утврдени гранични вредности, јасно дефинирани постапки за испитување, континуирано мерење и обврски за надзор и инспекции.otpad

Првата постројка за енергетска преработка на отпадот е изградена во 1904 година во Стокхолм, а денес ширум Шведска има 32 постројки за производство на топлинска енергија за 810.000 и електрична енергија за 250.000 домаќинства. Моментално во оваа земја 50% од отпадот од домаќинствата се користи за добивање на енергија.

Искуствата на државите од ЕУ кои имаат најнапредни системи за управување со отпадот, како што е примерот со Шведска, покажуваат дека и кај одвоеното собирање на корисниот отпад како на пример хартијата, 85-90% се рециклира додека 10-15% енергетски се искористува. Кај пластиката процентот на рециклирање е далеку понизок и изнесува околу 35%, што значи остатокот може енергетски да се преработи.

municipal waste

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top