Насловна / Вести / Инвестициски форум за енергетска ефикасност во општина Карпош

Инвестициски форум за енергетска ефикасност во општина Карпош

karpos

Примената на мерките за енергетска ефикасност кај резиденцијалните објекти дава исклучително добри резултати и сериозни заштеди на краток рок. Ова беше истакнато на Инвестицискиот форум за енергетска ефикасност, кој се одржа во општина Карпош во рамките на проектот „Енергетско ефикасни домови“. На форумот организиран од УСАИД и невладината организација „Хабитат Македонија“, присуствуваа над 50 учесници од јавниот и приватниот сектор.

Во соработка со „Хабитат Македонија“, општина Карпош веќе ги реализираше првите шест проекти за подобрување на енергетската ефикасност кај колективни станбени згради во вредност од 1,5 милиони евра. Во тек е реконструкција на уште пет објекти на територијата на општината.

Проектот на УСАИД за енергетска ефикасност во секторот „домување“ е тригодишна иницијатива која овозможува, со реконструкции на станбените згради и подобрување на нивната енергетска ефикасност, граѓаните да имаат помали трошоци за енергија. Во рамките на иницијативата досега се реконструирани 32 станбени објекти во седум скопски општини.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top