Авантуристот Nate Robert, откако во 2012 година дал отказ на своето работно место, почнал да патува низ светот и да ја документира архитектурата што му се допаѓала и сето тоа да го објавува на својот блог „Yomadic“.
Еден од градовите што ги посетил е и градот Скопје. Tој вели дека Скопје е совршено место за љубителите на бетонската комунстичка архитектура. Земјотресот во Скопје во 1963 година предизвика да се создадат неверојатни бетонски структури, кои го сместуваат Скопје во еден од најбогатите градови со бруталистичка архитектура. Примерите од геометризирани теми изработени од бетон, главно се наследство од познатиот архитект Кензо Танге, кој е главен проектант за Скопје после земјотресот.
Многумина денес оваа архитектура ја нарекуваат комунистичка архитектура, иако тоа не значи дека Кензо Танге и неговиот тим биле комунисти, туку македонската нација едноставно се надоврзува на периодот во кој оваа архитектура била создавана, односно периодот во кој Македонија била дел од комунистичката држава Југославија.
Универзитет Св. Кирил и Методиј, архитект Марко Мушиќ, 1974
Хидрометеоролошки институт, архитект Крсто Тодоровски, 1975
Студентски дом „Гоце Делчев“, архитект Ѓорѓи Константиновски, 1975
Хидрометеоролошки институт, архитект Крсто Тодоровски, 1975
Универзитет Св. Кирил и Методиј, архитект Марко Мушиќ, 1974
Типичен детаљ на станбена зграда
Национална банка на Р. Македонија, архитекти Радомир Лаловиќ и Олга Папеш, 1975
Главна пошта, архитект Јанко Константинов, 1982
Железничка станица, Скопје
Средно училиште Никола Карев, архитект Јанко Константинов, 1968
Главна пошта, архитект Јанко Константинов, 1982
Универзитет Св. Кирил и Методиј, архитект Марко Мушиќ, 1974
Академија за науки и уметност, архитект Борис Чипан, 1976
Главна пошта, архитект Јанко Константинов, 1982
Студентски дом „Гоце Делчев“, архитект Ѓорѓи Константиновски, 1975