Насловна / Вести / Објект од 1877 година претворен во модерен апартман

Објект од 1877 година претворен во модерен апартман

Објектот Grade II со локација во Лондон беше купен од страна на англиско семејство, со цел стариот објект од 1877 година да го конзервираат, заштитат и истовремено да го трансформираат во сопствен дом.

реставрација-објект-2

реставрација-објект-3

реставрација-објект-5

Дизајниран е од архитектонското студио Acr Architects кои се погрижија да ги задоволат потребите и барањата на клиентот, вклучувајќи одредени промени во внатрешниот распоред и дел од надворешните завршетоци. Исто така, извршени се промени на лизгачката врата кај кујната, која е висока 5,3 метри, потоа просторијата за дневен престој и трпезаријата, кои се наоѓаат во издолжениот волумен на објектот. Една од главните специфики на овој објект е задржувањето на резервоарот за вода што се наоѓа на кровот и е изработен од леано железо. Во негов склоп се наоѓаат единици со затемнети стакла кои нудат погледи кон градот Лондон.

реставрација-објект-6

реставрација-објект-7

реставрација-објект-9

Објектот има вкупно седум ката. Карактеристично е тоа што се задржани оригиналните скали изработени од камен. Во склоп на објектот се наоѓаат подрумски простории кои се користат за чување на различни видови растенија и простор за вежбање. На останатите катови се распоредени вкупно пет спални соби, а на третиот кат се наоѓа главната спална соба со мезанин и двојна висина на катот.

реставрација-објект-10

реставрација-објект-11

реставрација-објект-12

Издолжувањата на објектот овозможуваат дополнителни простории за живеење и циркулација, со што се комплетира целокупниот дом. Во овој дел поставени се сервисни простории, лифт, утилити и четири бањи сите поврзани со постојниот објект преку лизгачки ѕид-завеси.

реставрација-објект-13

реставрација-објект-14

реставрација-објект-15

Испрати коментар

Scroll To Top