Насловна / Вести / Креативни градинарски решенија за мали балкони

Креативни градинарски решенија за мали балкони

Доколку живеете во мал стан и немате сопствен двор во кој може да уживате во градинарството, може да го искористите својот балкон за истото без разлика на неговата големина, или пак може да одгледувате дел од растенијата во вашиот дом.

1. Искористете ја полицата за чување обувки за поставување на растенијата. Дополнителната височина на полицата ќе ви го олесни работењето, за разлика од ситуацијата кога растенијата ги поставувате дирекно на земјата, и воедно ќе добиете поубав изглед на вашит балкон.

градинарство-1

2. Поставете ја вашата градина вертикално. Засадете бршлен и оставете го да ползи по ѕидот или по некоја структура која вие ќе ја изградите.

градинарство-2

3. Посадете растеније со природна арома како што е лавандата, нането, или миризливиот гераниум. Со тоа вашиот балкон постојано ќе мириса убаво.

градинарство-3

4. Бидете едноставни во креацијата. Само со поставување на исти саксии и контејнери за чување на растенијата може да ја изградите балконската градина.

градинарство-4

5. Изградете ваша кујнска градина. Наместо цвеќиња, за промена може да засадите различни билки, марула или некој друг зеленчук кој нема длабки корења, и на тој начин во секое време ќе имате свежа храна.

градинарство-5.1

градинарство-5

6. Поставете вертикален елемент на кој може да ги закачите саксиите.

градинарство-6.1

градинарство-6

7. Може да ги искористите дрвените кутии во кои најчесто се чува зеленчукот на пазар.

градинарство-7

8. Доколку балконот има премали димензии, градината може да ја поставите вертикално. Искористете ги добро познатите дрвени палети кои се лесно достапни и не бараат голема инвстиција.

градинарство-8.1

градинарство-8

9. Искористете ги стаклените тегли како саксии и прикачете ги на ѕидот со помош на дрвен елемент. Ова ќе ви овозможи уникатен и практичен дизајн на вашата градина.

градинарство-9

10. Можеби еден од најевтините начини да создадете сопствена градина, е да го искористите организаторот изработен од текстил кој претходно сте го користеле во бањата, и во него да засадите растенија.

градинарство-10

11. Друг начин на организација во мал простор е да ги поставите саксиите една над друга по големина. Со тоа заштедувате на простор и добивате специфичен изглед.

градинарство-11

12. Бидете креативни и создадете водна градина. Наполнете сад со вода и над неа поставете растенија.

градинарство-12

13. Доколку немате сопствен балкон, може да одгледувате растенија во вашиот дом. Едно од најлесните растенија за одржување во внатрешен простор е цитронот, што дополнително ќе придонесе за убавата миризба на домот.

градинарство-13

Испрати коментар

Scroll To Top