Калифорниската компанија Emerging Objects го дизајнираше павилјонот Bloom изработен од 840 цементни блокови кои се продуцирани со помош на 3Д технологијата.
Со висина од 2,7 метри овој павилјон има основа на впишан крст издигнувајќи се во извртена за 45 степени иста крстобразна основа. Целата негова фасада е перфорирана како инспирација од дезените на тајландските цвеќиња.
Блоковите се принтани од железен безоксиден портланд цемент со светла боја. Фасадата ги поддржува еколошките стандарди и е отпорна на УВ зрачење, со што се намалува производството на гасови од смола, карактеристични за 3Д принтаните структури.
Цементните блокови немаат потреба од дополнителни структури за поддршка. Ентериерот е дефиниран со мрежата од структурални ребра. Целиот дизајн на павилјонот претставува дирекна инспирација од Универзитетот во Вирџинија на архитектите Eladio Dieste and Jefferson.