Светскиот бренд „Самсунг“ не е име кое обично е поврзано со домашните миленици, но нивната британска филијала одлучи да се претстави со нешто сосема различно.
Тие се здружиле со компанијата Crufts, светски познатата изложба за кучиња, па по тој повод создале неверојатно луксузни соби за кучиња, кои се нарекуваат Dream Doghouse. Формирани од страна на тимот составен од 12 дизајнери, меѓу нив е и еден архитект, овие куќарки се вистински мини-вили, кои се поделени во три главни простори – две соби за релаксација, забава и храна, покрај отворениот простор за уживање.
Исто така, тука е и Astroturf лента за трчање, така што куќарката овозможува доволно физичка активност секој ден. За оние кучиња кои сакаат дополнително да се релаксираат и да уживаат, постои и џакузи. Се разбира, бидејќи ова е дело на брендот „Самсунг“ на ѕидот е сместен Galaxy Tab S, иако мислиме дека тој е наменет повеќе за сопствениците отколку за домашните миленици.
Цената на оваа куќарка од соништата за кучиња е околу 30 илјади долари, а ќе биде официјално претставена на изложбата Crufts оваа година во Бирмингем.