Насловна / Вести / „Росонерите“ градат свој дом

„Росонерите“ градат свој дом

milan stadion (2)

На почетокот на февруари оваа година, раководството на еден од најголемите италијански фудбалски клубови „Милан“, и официјално го претстави планот за изградба на нов стадион. Концептот развиен од страна на заедничките тимови на италијански и меѓународни докажани имиња во оваа сфера од архитектурата, предвиде изградба на стадион во рамките на еден повеќенаменски комплекс.

Една од основните компоненти на која најмногу се повикуваа и сопствениците на клубот, но и жителите во околните места каде треба да се гради стадионот, е тој да биде комплетно опкружен со високо-изолациски материјал за да не се наруши животот на локалните жители.milan stadion

Исто така, еден од критериумите при реализација на идејниот дизајн-концепт на стадионот (кој сè уште е во развојна фаза), е новиот дом на „Росонерите“ да има капацитет од максумум 50.000 места (се претпоставува дека капацитетот ќе биде околу 48.000), висината на објектот да не надминува 30 метри и да има неколку нивоа под стадионот, кои ќе се искористат за повеќе намени.

milan stadion (3)
Локацијата на која ќе се гради новиот фудбалски храм на „Милан“ е во областа Фиера Милано, но сè уште се чека конечната одлука на градските власти. Ако се оди според планот, до 2018 година „Милан“ би можел да се пресели на новиот стадион, кој има планиран буџет за изградба во висина од 320 милиони евра.
Љубителите на „Милан“ се изјаснија дека не сакаат футуристички дизајн, туку нешто потрадиционално кое сериозно ќе се одрази и на историјата и на менталитетот на италијанските љубители на фудбалот. Неколку развојни дизајни се презентирани, но семејството Берлускони допрва ќе го направи финалниот избор.milan stadion (4)

Одлучено е дизајнот да го направи компанијата „Аруп“, која на 4 февруари беше презентирана како стратешки партнер во овој проект на ФК „Милан“.
Покрај стадионот, „Аруп“ ќе разработи и план за изградба на хотел, спортски колеџ, ресторани, игралишта за деца, зелени површини и отворени простори за јавна употреба. Најавено е дека новиот стадион ќе обезбеди уникатно искуство за гледачите, со особено внимание за оние што ќе добијат најсовремена технологија и услови за следење на натпреварите.

milan stadion (6)
ФАКТИ ЗА МILAN STADIUM – Милано, Италија
Капацитет: 48.000 места
Период на изградба: 2015 – 2018
Цена на изградба: 320 милиони евра

Испрати коментар

Scroll To Top