Насловна / Вести / Островот Крк – прво енергетски независно подрачје во Хрватска

Островот Крк – прво енергетски независно подрачје во Хрватска

Krk-energetski nezavisen
Островот Крк ќе стане првото целосно енергетски независно подрачје во Хрватска без емисии на јаглерод диоксид, а се работи на тоа, најдоцна до 2030 година, целата потребна енергија да се добива од обновливи извори.

Krk energetski nezavisen1
Досега, во насока на подобрување на енергетските карактеристики на островот, се обновени 260 згради, додека истовремено се спроведуваат континуирани едукации на граѓаните, и тоа на сите нивоа: од градинки, преку основни и средни училишта, па сè до курсеви за возрасни.

Krk energetski nezavisen ostrov1
Изградена е фотоволтаична постројка на стара депонија за отпад, со моќност од  136,8 kwp, а целиот остров е мапиран и за неинтегрирани фотоволтаични постројки и ветерници. Исто така, оформен е „енергетски тим“, како носител и иницијатор на енергетскиот развиток на островот Крк. Оваа година ќе започне изградбата на „Енергетски едукативен центар – пасивна куќа“, каде посетителите на самото место ќе можат да видат како функционираат последните достигнувања од подрачјето на обновливите извори на енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top