Насловна / Вести / Во април во Хрватска три саеми за енергетска ефикасност

Во април во Хрватска три саеми за енергетска ефикасност

Saem hrvatska
Од 22 до 25 април на Загребскиот велесајам во Хрватска ќе бидат одржани саемите за енергетска ефикасност: „Интерклима“, „Енергетика“ и „Зелена градба“.

Во рамките на овие три саемски манифестации ќе бидат претставени нови технологии и системи од областа на греењето, вентилацијата, обновливите извори на енергија, енергетиката, одржливото градење и одржливиот развој. Исто така ќе стане збор за третирањето на водата за пиење, управувањето со енергијата, енергетски ефикасните материјали и технологии.

Покровители на овие манифестации се Министерството за градежништво и просторно планирање на Хрватска, Градската канцеларија за енергетика, животна средина и одржлив развој на Загреб и Фондот за заштита на животната средина и енергетската ефикасност.

Инаку, саемот „Интерклима“ се одржува 23-ти пат по ред, саемот „Енергетика“ по трет пат, додека саемот „Зелена градба“ е прва манифестација од овој вид.

 

Испрати коментар

Scroll To Top