Насловна / Вести / „No Shadow Tower“ – згради за повеќе природна светлина во градовите

„No Shadow Tower“ – згради за повеќе природна светлина во градовите

Kuli so povekje svetlina

Архитектонското биро  NBBJ од Лондон предложи ново решение за повеќе природна светлина во овој град – „No Shadow Tower“. Во Лондон, но и во другите големи градови, постои проблем со недостаток на природна светлина поради многубројните исклучително високи згради кои фрлаат сенка на улиците. Затоа, ова архитектонско биро одлучило да проектира зграда која со пренасочување на сончевата светлина ќе ги намали сенките во своето подножје за 60%.

kuli so svetlina
При проектирањето на „No Shadow Tower“, користено е компјутерско моделирање за две згради од кои едната функционира како закривено огледало. Притоа се рефлектира светлината на сенката која ја формира соседната зграда, а нејзината внимателно проектирана крива овозможува дифузната светлина да ја следи сенката во текот на целиот ден.

Еден од архитектите кој учествува во овој проект, Christian Coop, изјави дека вакви решенија може со успех да се применуваат во повеќемилионските градови како Њујорк и Токио.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top