Американскиот актер Леонард Нимој, познат по улогата на д-р Спок во научнофантастичната тв серија „Ѕвездени патеки“, почина минатиот месец во 83-та година од животот.
Со својата улога како легендарниот г. Спок од „Ѕвездени патеки“, Леонард Нимој ја одбележа историјата на филмот и на многуте генерации фанови на популарната sci-fi серија остана голема икона. Се чини дека и граѓаните на Загреб спаѓаат во нив, па во градската четврт Трешњевка се појави графит посветен на господин Спок.
Се работи за живописен графит потпишан од неуморните момци на хрватскиот колектив Pimp My Pump.
Смртта на Леонард Нимој настапи во неговиот дом во Лос Анџелес по повеќегодишната борба со хронична опструктивна белодробна болест.
Нимој минатата година напиша на Твитер дека престанал да пуши уште пред 30 години, но „тоа не било доволно рано“.
Освен што се занимавал со глума, Нимој режирал повеќе филмови, пишувал проза и поезија, а се занимавал и со фотографија и музика.