Лошите временски услови, обилните дождови и оштетувањата на покривот ги принудија надлежните да ги откажат сите планирани активности во Универзалната сала.
Според информациите оттаму, силниот дожд што изминатиов период го зафати главниот град предизвикал оштетување на внатрешниот дел на покривната конструкција, односно таванскиот дел во салата за публика. Уште веднаш биле повикани надлежните институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде соодветно решение.
– Поради овие оштетувања принудени сме сите закажани манифестации да ги откажеме сѐ додека не се создадат услови за понатамошна работа – пишува во соопштението од ЈУ конгресен центар „Александар Македонски“.