Сместена во предградие на Кејп Таун, оваа вила е во сопственост на братот на принцезата Дијана, Чарлс Едвард Морис Спенсер. Се наоѓа на имот кој зафаќа околу два хектари, а нејзината вредност е 10.434.980 евра. Принцезата Дијана била чест гостин на овој имот и тој бил омилено место за одмор и релаксација.
Главната резиденција на имотот има четири спални соби, и секоја е со своја приватна гардероба и бања. Пространа кујна со прекрасен бар за појадок и формална трпезарија, две тераси и работна соба, домашно кино, библиотека, винарска визба и многу повеќе се придобивките што оваа вила ги има.
Исто така, во близина на вилата постојат три феноменални колиби за гости, две со две спални соби и една еднособна. Покрај тоа, тука е и двособна колиба за персоналот. Дополнителни погодности на оваа вила се базен, тениско игралиште, голем видиковец, две лозја и четири гаражи. Се разбира, тука се и феноменалните уредени градини, кои се совршени за уживање во попладневните часови. Исто така, оваа вила има свое лично осигурување.