Уредените површини секогаш носат позитивна енергија. Во контекст на ширење на позитивната енергија во градината може да се примени уредување по фенг шуи. Тоа претставува древна кинеска метода на живеење во склад со енергијата на живата земја. Со помош на оваа метода и со правилен распоред на боите и формите на растенијата и елементите во градината може да се постигне совршена хармонија.
Она што е важно за почеток при одржување на градината е истото како и при уредување на домот – редот и чистотата се половина од добар фенг шуи.
Балансот, кој во фенг шуи е основен, се постигнува со избор на растенија со различна големина, облик и бои, така што ниту едно нема да доминира над другите. Фенг шуи е базиран на пет елементи: земја, оган, метал, вода и дрво. А, добриот баланс подразбира комбинација од сите пет елементи.
Боите играат исто така важна улога. Бои кои се извор на мотивација, оптимизам и позитивна енергија се жолтата и портокаловата. Жолтата е боја на мудроста и среќата, портокаловата на баланс, промени и сила.
Синоним за здрава енергија во вашата градина се здравите билки – не дозволувајте да се множат дивите билки. Пожелно е да посадите бамбус и борови, а од цветови, се препорачуваат божури, хризантеми, нарциси и орхидеи.
Осветлувањето е пожелно да се постави на јужната, североисточната или југозападната страна од градината. Светлината дава чувство на опуштеност, а притоа ги истакнува билките и во вечерните часови. Осветлувањето го претстаувува елементот оган и е многу значајно при уредувањето по фенг шуи техниката.
Местото за одмор во градината, каде што ќе можете да ја апсорбирате тишината и благотворната енергија, организирајте го со мебел од природен материјал кој со својот дизајн ќе се вклопи во окружувањето.
Доколку имате желба или потреба од уредување на својата градина по теркот на оваа древна метода, тука е да ви помогне тимот од стручни лица на Биро Проект. (www.biroproekt.mk)