Како еден од првите чекори кон остварување на новонајавената стратегија за формирање на Енергетска Унија, Европската комисија овие денови ја започна иницијативата вредна 100 милиони евра за поврзување на електроенергетските мрежи ширум ЕУ. Преку Connecting Europe Facility (CEF), Комисијата објави повик за предлози насочени кон намалување на енергетската изолираност, отстранување на тесните грла како и заокружување на европскиот енергетски пазар.
Во текот на 2015-та, за реализација на овие цели се очекува да се доделат вкупно 650 милиони евра неповратни средства, а вториот повик би требало да биде отворен кон крајот на 2015 година. Целта на Европската комисија е да ги зајакне прекуграничните енергетски врски.