Делото на британскиот уметник Френсис Бејкон на коешто е насликан неговиот пријател и уметник Лусијан Фројд е продадено за 142,4 милиони долари, што е највисокиот износ до сега добиен на аукција за едно уметничко дело. Се работи за сликарски триптих со наслов „Три студии за Лусијан Фројд“, реализирано во 1969 година. Пред да биде изнесено на аукцијата, ова дело било проценето на 85 милиони долари. Ова дело никогаш не било понудено на аукционерските куќи. Инаку, до сега за најскапа слика важел славниот „Крик“ на норвешкиот сликар Едвард Мунк, којшто минатата година на аукција во „Сотеби“ достигна вредност од 119,9 милиони долари.