Насловна / Вести / Најмногу трошоци за животна средина во индустријата и специјализираните производители

Најмногу трошоци за животна средина во индустријата и специјализираните производители

filter-stanica-makstil-29-10-2014_0071

Трошоците за заштита на животната средина во 2013 година учествуваа со 1,5 проценти во БДП, објави Државниот завод за статистика. Според податоците вредноста на трошоците изнесувала 7,556 милијарди денари.

Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад, 43 проценти, по кои следат трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода  со 29,8 проценти и за заштита на воздухот со 10,4 проценти.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од компонентите: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 53,3 проценти, а на трошоците за одржување 46,7 проценти.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5,191 миијарди денари, односно 68,7 проценти. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 45,6 проценти се наменети за инвестиции, а 54,4 проценти се за одржување на средствата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Испрати коментар

Scroll To Top