Тексас, една од поголемите држави на САД, го замислуваме како непрегледна прерија, дел пустина, со многубројни сточарски ранчови, а се разбира и наоѓалишта на нафта. Но тука има и други убави предели. Во следниот приказ е еден од нив.Фамилијарниот дом “ Lakeview ” во Тексас е складен спој на панорама, органски материјали и безтежински осет под зрелите дабови сенки.
Архитектите од Alterstudio, проектирале фамилијарно – пријателска модерна куќа на 550 м2, со изненадувачка топлина. Фасцинантен поглед на реката Колорадо и блиското езеро, желбата за смирен живот под сенките на дабовите дрвја и модерната технологија во ентериерниот дизајн.
Големите фасадни стаклени површини само додатно го нагласуваат идеалниот спој на модерната внатрешност и природното опкружување. Сликите доволно кажуваат за каква убавина се работи.