Куќа 2 се простира на несоодветно долга, а тесна парцела, ориентирана нормално во однос на морската површина во Тарагона, Шпанија. Прекршувањата на волумените се должат на условите кои ги наложува пејзажното опкружување во однос на конструктивниот аспект, како и осветлувањето.
Отворениот централен дел со улога на главна содржина во објектот, во горната зона е дефиниран како остра геометрија со помош на полните волумени од различните павилјони, додека пак на основата, во континуитет ги поврзува варијабилните засенети ентериерни простори чии визури кон морското пространство, дневниот престој и градината остануваат непречени.
Овој разигран ритам од декомпонирани волумени и таквото циркулирање низ просторот потсетува на кубистичките композиции на Пикасо.