На референдумот одржан минатиот викенд, најголем процент од граѓаните на Берлин се изјасниле за превземање на дистрибутивната електрична мрежа од Vattenfall, и формирање на општински компании за производство и снабдување со еколошка енергија. Но поради ниската излезност од 29,1% референдумот беше неуспешен. И во Хамбург граѓаните остануваат доследни на Vattenfall, по референдумот одржан во септември со „тесна“ разлика.
Извор: Spiegel