Насловна / Екологија / Британските политичари едногласно за затворање на термоцентралите на јаглен

Британските политичари едногласно за затворање на термоцентралите на јаглен

coal power plant emissions

David Cameron, Nick Clegg и  Ed Miliband, лидерите на водечките политички партии во Велика Британија, пред најавените парламентарни избори склучија пакт според кој земјата забрзано треба да се движи кон целосно укинување на производството на електрична енергија од јаглен. Во првите три квартали минатата година, термоцентралите на јаглен учествуваа со 37% во британскиот енергетски микс. Сепак тамошните централи емитуваат повеќе јаглерод диоксид отколку националните економии на Норвешка и Шведска заедно.

rudnik za jaglen britanija

Тројцата политичари се усогласија на климатската конференција во Париз да ги поддржат задолжителните цели за намалување на емисиите за да се задржи глобалиот раст на температурите на зададеното прифатливо ниво. Изградбата на нови термоцентрали на јаглен без систем за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид во Британија е веќе забранета, а тамошната влада очекува до 2027 година да се затворат сите  класични термоцентрали на јаглен, освен оние со систем за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид. Ваквиот став кон јагленот е новост за лабуристите и конзервативците, додека либералите веќе и претходно се залагаа за зелена економија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top