BLU Studio Energy е еден од оние телефони кои никогаш нема да ве изневери, бидејќи има батерија со капацитет од 5.000 mAh и апликација за оптимирање на потрошувачката на енергија, Battery Doctor. BLU го најави Studio Energy уште на почетокот на годинава во Лас Вегас, заедно со уште десетина Android и Windows Phone уреди, а продажбата започна токму во Америка каде цената е 150 долари. Батеријата на овој телефон овозможува работа без полнење до четири дена, и дури 45 дена во режим на мирување.
Со цел капацитетот на батеријата уште попаметно да се искористи, BLU заедно со телефонот испорачува и кабел за полнење на други уреди, кој од Studio Energy прави т.н “Power Bank”, односно мобилен полнач за компатибилни USB уреди. Studio Energy е тенок 10 mm и тежок 180 gr.