На ракометното игралиште во Битола денес беше промовиран проектот УРБАН ЅИД.
Проектот има за цел да ги стимулира младите луѓе, да го искажат својот креативен талент, во делот на цртањето графити, без притоа да оштетат некој јавен објект или јавна површина. Многу често цртањето на графити се смета за вандализам, меѓутоа кога постои точно одреден простор за тоа, и кога се испишуваат креативни пораки, со креативна содржина, секогаш тие наидуваат на позитивна реакција кај случајните минувачи.
Општина Битола за да се реализира овој проект, каде младите луѓе би ја искажале својата креативност, мисла и став, го посочи ѕидот од ракометното игралиште, кој би добил нов лик со цртањето на графитите.
Доколку се појави интерес, доколку тоа земe голем замав, и доколку креацијата е поголема од очекувањата, ќе се оддели и друг простор, каде што младите ќе можат да ги искажат своите креативни идеи.