Насловна / Вести / Јапонија има повеќе станици за полнење на електрични автомобили од бензински пумпи

Јапонија има повеќе станици за полнење на електрични автомобили од бензински пумпи

Polnac za elektricni avtomobili-japonija

На крајот на минатата година, во Јапонија е забележан голем раст на бројот на станици опремени со апарати за полнење на автомобилските батерии што за погон употребуваат електрична енергија. Батериите за погон на автомобилите што го заменуваат бензинот сега можат да се наполнат дури на 40.000 локации, а во нив се вклучени и околу 500 станици на приватни имоти.

Polnac za elektricni avtomobili -japonija
Бензин и дизел гориво Јапонците можат да купат на 34.000 бензински пумпи, но со оглед на нивната намена и бројот на автомобили што се движат на течни горива, нивниот промет е многу поголем од оној што се остварува на станиците за полнење батерии. Во иднината на електро-мобилите најмногу веруваат во компанијата „Нисан“, која е втор по големина производител на автомобили во Јапонија. Од „Тојота“ пак уверуваат дека иднината ќе им припадне на автомобилите што користат гориво на база на водород.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top