Насловна / Вести / Каталог со податоци за државни деловни простории кои се на продажба

Каталог со податоци за државни деловни простории кои се на продажба

katalog za transport i vrski

На веб страницата на Министерството за транспорт и врски е објавен каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 градови низ државава, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање.

Во каталогот има информации за локацијата, квадратурата и почетната цена на објектите, како и фотографии.

Стоте објекти, за кои беше објавен оглас за продажба на 12 овој месец, се први од вкупно 1.000 државни деловни простории коишто Владата одлучи да ги продаде на барање на приватниот сектор.

Почетната  вредност на 100-те деловни објекти се проценува на пет милиони евра. Огласот трае 30 дена. Право да аплицираат имаат сите домашни и странски компании како и физички лица, кои покрај апликацијата треба да достават и банкарска гаранција во висина од два проценти од проценетата вредност на објектот.

Испрати коментар

Scroll To Top