Град Скопје распиша оглас за изработка на основен проект за употреба и одржување – (реконструкција) на партерно уредување на дел од Кеј „13 Ноември“, (Камен мост – хотел Холидеј Ин).
Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.525.424 денари.
Главен критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена, а понудите треба да се достават најдоцна до 09.03.2015 во 12.00 часот.